Власта на Ковачевски бесрамно ги лажеше граѓаните дека историските прашања и теми не се дел од пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. И како за многу работи така и за ова излажаа без око да им трепне, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Тие потенцираат декка прво Ковачевски на 30 јуни убедуваше дека „Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ(францускиот предлог)“, по него и министерот Османи на 2 јули излажа „Лага е дека историските и билатералните прашања се влезени во францускиот предлог“.
– Но, вистината е дека токму овие двајца излажаа, а по нив и сите останати функционери од СДСМ и ДУИ. Лажеа-сушеа се дури не дојде денот да се дознае вистината, за жал болна и тешка за Македонија. Историските прашања за жал се предмет на договарања и оваа власт за жал е страната која распродава историски личности и настани, истакнуват тие.
Во соопштението се додава дека брзо се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право кога говореа дека Ковачевски и владата прифатија штетен предлог во кој обврските од Протоколот и историската комисија ќе доведат во ситуација државата или да се соочува со вечни преговори или со асимилација по бугарски диктат.
– Историската комисија пред два дена објави пакет одлуки со кои неколку историски личности, Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски се поврзуваат со средновековната бугарска држава, а дополнително за Македонија се предвидува минимализирање на конекциите со антиката на сметка на зголемено изучување на античките Дарданци и Тракијци, се посочува во соопштението.
Оттаму нагласуваат дека со ова безмалку целата средновековна историја на Македонија се поврза со средновековна Бугарија. Како тргнале Ковачевски и СДСМ во исполнување на бугарските желби за една година ќе ја ретушираат целата историја, па ќе остане после и нивните лични биографии да ги прилагодуваат на бугарските барања.
– Срамно и бедно. Оваа власт ја доведе Македонија во подредена положба. Оваа власт ги исплука сите оние кои се жртвуваа во нејзинито градење. Очигледно Ковачевски со Заев е во тесна трка кој е поверен следбеник на бугарскиот живковизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ
