Премиерот во заминување нема да добие никакви официјални документи во текот на неговиот одмор во Грција, рече неговиот портпарол, само неколку часа откако висок ториевец изјави поинаку.
Џонсон беше критикуван за вториот одмор во август, но портпаролот одби да каже зошто не чекал да ја напушти функцијата на 5 септември.
Во меѓувреме, две големи комбиња за преселба беа паркирани пред број 10 во улицата Даунинг, што поттикна шпекулации дека премиерот ќе замине со голема количина мебел од неговиот раскошно реновиран стан.
Нему му е дозволено да ги земе сите предмети што ги платил лично – иако многу од нив првично беа финансирани од богати донатори на Ториевците – што доведе до прашања за злогласните златни тапети од 840 фунти за ролна.
Портпаролот, исто така, не можел да каже дали Џонсон ќе се врати да живее во Даунинг стрит од следната недела, последните две недели од неговиот мандат.
Вториот одмор бил откриен кога премиерот бил забележан со неговата сопруга Кери во супермаркет во Неа Макри, град источно од Атина.
