19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за само пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата, поставени при осамостојувањето пред повеќе од 30 години.

Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус ги започнавме и преговорите за членство во Европската унија и тоа со заштитен македонски идентитет и чиста формулација за македонскиот јазик.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, нема асимилација, ни бугаризација.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини за некакви нови договори и да измислуваат конструкции.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже и го плаши народот, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести