12.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Здравствените власти не можат да најдат начин како да го натераат кичевчанецот со можни мајмунски сипаници да се тестира

Здравствените власти не можат да најдат начин како да го натераат кичевчанецот со можни мајмунски сипаници да се тестира. Велат немало законска можност истиот да се присили.

-Откако го напуштил Инфективното одделение во Кичево, со него не е разговарано само со членовите на фамилијата. Тој не се пријавил на Инфективна клиника за тамошно тестирање. Има воспоставена комуникација со него и преку матичната лекарка вели д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој додава дека рпидемиолог од Битола бил два пати кај него да го убеди да се тестира, за да може побрзо да се реагира и во однос на контактите и натамошните мерки.

Побрзо добивање на резултатот можеби ќе го ослободи од сомнението ако е негативен, а ако е позитивен побрзо ќе не доведе до контактите кои евентуално се загрозени. Ќе се повикам на личната одговорност.  Немаме законска можност да го присилиме да се тестира. Тоа за оваа болест не се прави. Ова не е болест за која следи задолжителна изолација. Се надеваме ќе проработи совеста кај ова лице, имаме некој начелен договор, рече д-р Петличковски.

Д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека на вонредниот состанок на Комисијата за заразни болести предложиле лицето да биде ставено под здравствен надзор за да може да постапат институциите, МЗ, инспекторатот, па дури и асистенција од полицијата и случајот да се заврши побрзо.

-Ова е едно практично решение за секој иден случај каде нема соработка со суспектниот. Очекуваме во текот на наредните денови, можеби во текот на утрешниот ден, согласно тоа постапување да имаме веќе разрешница на овој случај, рече д-р Мехмедовиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести