5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Блинкен: САД ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ во одбрана од руската агресија

Новиот пакет оружје ќе вклучува ракети за моќни повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, илјадници артилериски гранати, минофрлачи, рачни противтенковски ракети Javelin и друга муниција и опрема.

Така, вредноста на оружјето и опремата што Америка ги испратила или ќе ги испрати во Украина од почетокот на руската инвазија достигна 9,1 милијарди долари.

„Поминаа речиси шест месеци од почетокот на неиспровоцираниот и брутален напад врз Украина. Русите продолжуваат да ги уништуваат украинските градови и села. Претседателот Бајден јасно изјави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ во одбрана од руската агресија, без разлика колку долго е потребно “, изјави денеска американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести