Овен
Љубов:
Можни се разни конфликти или недоразбирања, се чини дека саканата личност не го разбира вашето чудно однесување.
Работа:
Очекувате позитивен одговор или повратна информација за деловната соработка, но се е обвиткано во неизвесност.
Здравје:
Внимавајте на поздрав начин на исхрана, избегнувајте некои „лоши“ навики.
Бик
Љубов:
Вашиот изглед или стил изгледаат предизвик за саканата личност, што е добар знак за љубов. Ќе уживате во нечие блиско друштво.
Работа:
Доколку ви недостасуваат сигурни информации за деловните можности, не давајте несериозни ветувања, туку побарајте нечие посредување.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.
Близнаци
Љубов:
Доколку ви е тешко да ги контролирате емоциите и реакциите пред блиска личност, избегнувајте провокативни ситуации.
Работа:
Се обидувате да ја одложите деловната ситуација која бара добро расудување и дополнителна концентрација. Важно е да имате убедливи аргументи.
Здравје:
Ќе ви годи психолошка релаксација или опуштање.
Рак
Љубов:
Емотивно делувате премногу пребирливо или нерасположени, па не го добивате она што го сакате и заслужувате.
Работа:
Недоразбирањата што постојат меѓу вашите колеги главно се сведуваат на проблемот со приоритетите.
Здравје:
Овозможете си квалитетен одмор и добра нега.
Лав
Љубов:
Обидете се да разберете нечија беспомошност или емоционална слабост. Не бидете арогантни.
Работа:
Пред вас се различни обврски кои бараат меѓусебен договор и финансиска соработка.
Здравје:
Уживајте во вашиот свет на интимност.
Девица
Љубов:
Се’ повеќе почнува да ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате да доминирате со ситуацијата, но нема да успеете.
Работа:
Збунети сте од одговорите што ги добивате од вашите соработници, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
Вага
Љубов:
Бидете искрени кога се среќавате со саканата личност. Меѓусебната доверба е неопходна и делува „лековито“.
Работа:
Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата фрустрација или незадоволство.
Здравје:
Внимавајте на поправилна исхрана и поздрав начин на живот.
Скорпија
Љубов:
Партнерот делува многу стимулирачки и знае како да ги пренасочи вашите мисли во позитивна насока. Нема причина за дополнителна загриженост.
Работа:
Приговорите што некој ви ги упатува не претставуваат голем прекршок. Ако има различни ставови, треба да ги усогласите деловните интереси.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение и веселиот дух.
Стрелец
Љубов:
Нема потреба да спроведувате нови емотивни каприци или да и пркосите на саканата личност, бидете одмерени во вашите барања.
Работа:
Изгледате нескромно во изјавите пред колегите. Не дозволувате некој друг да одлучува за условите и деловно-финансиските интереси.
Здравје:
Слободното време посветете го на омиленото хоби, опуштете се.
Јарец
Љубов:
Чувајте ја вашата смиреност кога се среќавате со вашата сакана личност. Понекогаш лесно го губите чувството за реалност. Гледајте на работите со поголем оптимизам.
Работа:
Можете да ги реализирате вашите деловни планови на интелигентен начин и без непотребни разговори. Прифатете различни поттикнувања.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со лажни претчувства.
Водолија
Љубов:
Избегнувајте емотивни провокации кои можат да ве доведат до погрешно однесување.
Работа:
Делувате мудро или промислено кога се среќавате со колегите. Нема потреба да се наметнувате.
Здравје:
Ќе ви годат забавни содржини.
Риби
Љубов:
Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која ќе изградите чувство на доверба и емоционална блискост.
Работа:
Не можете да им угодите на сите, но не треба да ја игнорирате позитивната страна на партнерството или улогата што ја играат одредени соработници.
Здравје:
Размислете за полесна исхрана, избегнувајте нездрава храна.
