Џонсон е на одложен меден месец со неговата сопруга Кери Џонсон.
Даунинг стрит не сакале да објават каде Џонсон ќе оди на одмор оваа недела, но британските медиуми открија дека парот е на приватно патување во Словенија.
Според словенечките медиуми тие треба да бидат во Језерско.
Џонсон поднесе оставка како премиер по серијата министерски оставки во јули оваа година.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната свршувачка.
56-годишниот премиер во заминување и 33-годишната поранешна портпаролка на Конзервативната партија се венчаа во тајност, а големата прослава се одржа пред само неколку дена, поради пандемијата на коронавирус.
