11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

61 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (06.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 61 возач. Од нив 41 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 20 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести