18.8 C
Skopje
понеделник, септември 4, 2023

Русија воведува бесцарински продавници во кои дипломатите ќе можат да купуваат производи од Западот

Русија воведува бесцарински продавници (duty free shops) во кои дипломатите ќе можат да купуваат производи од Западот за девизи, што може многу Руси да ги потсети на злогласните продавници „Бериоска“ кои беа официјална привилегија за време на советската ера, пишува „Гардијан“.

Продавниците, кои би можеле да се отворат веќе наесен, ќе продаваат увезена стока која тешко може да се најде во редовните руски продавници бидејќи странските компании ја напуштаат земјата поради војната во Украина.

За да купуваат во такви продавници, клиентите ќе треба да приложат официјален документ со кој докажуваат дека се странски дипломати, вработени во меѓународни организации или членови на нивното семејство. Продавниците ќе прифаќаат и плаќање во долари и евра.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img