2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Две големи ајкули пливаат до самиот брегот (ВИДЕО)

Две големи ајкули кои пливаат многу блиску до брегот се фотографирани на плажа во Флорида.

На источниот брег на Соединетите Американски Држави се забележани повеќе активности на ајкули ова лето, а последен пат беа видени во плитки води на југоистокот на државата.

Кара Скониечни го сподели видеото на мрежите. Оваа ситуација ја снимила на камера во саботата попладне на плажата Нептун во Џексонвил, пренесува Fox News.

ВИДЕО

Истиот ден, пливач бил каснат од ајкула во Џексонвил, Флорида.

Во интервју за локалните медиуми, очевидци изјавија дека во близина на брегот може да се забележи сенка од 2 метри како плива и дека во водата има големо количество крв.

Официјалните лица одбија да потврдат дали она што го виделе луѓето е ајкула

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести