9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Левица: Параполициските структури на СДС малтретираа народ на Мечкин Камен

Хибридниот режим вчера во целост демонстрираше како насилнички се брани од незадоволството на обичните граѓани – преку мобилизација на партиски бандити и криминалци да ја штитат врхушката на власта.

Мизерно, срамно и недостоинствeно беше на вчерашната приватна забава на Владата на Мечкин Камен, каде беа присутни повеќе полицајци, отколку граѓани. Ангажираната параполициска структура на СДС, од која дел беше директно предводена од директорот на затворот во Шутка со криминално минато, Филип Андон (Сокол), се закануваше и малтретираше граѓани цело време – додека полицијата одвај реагираше.

Полицијата во одбрана на режимот, ги одзеде и транспарентите на активистите на Левица, на кои пишуваше „Предавници – фашисти, Клети – Врховисти”, затоа што во новата реалност тоа било говор на омраза, како што тврдеа самите полицајци.

​​​​На голем дел од медиумите им беше забрането да присуствуваат на манифестацијата, а оние медиуми кои присуствуваа го цензурираа свиркањето против премиерот Ковачевски.

Окупационата влада на СДС со сите свои репресивни методи, па дури и преку ангажирање партиски бандити, се обиде да го пригуши револтот на народот.

На видеото јасно се гледа како параполициската багра на СДС се заканува на обичен граѓанин затоа што свирка против власта, по што одвај реагира полицијата. Кога активистите на Левица дојдоја во судир со бандите на СДС, полицијата само немо набљудуваше и не реагираше.

Северна Македонија единствено може да постои само како окупација – како што беше и формирана и тоа вчера јасно беше демонстрирано.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести