6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барел се тргувало по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.

Ограничувањата на движењето поради ширењето на коронавирусот го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот. Caixin/Markit Manufacturing Purchasing Managers’ Index (PMI), имено, падна на 50,4 поени во јули, во споредба со јунските 51,7 поени, што е далеку под очекувањата на аналитичарите.

Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.

Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, додека зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемија стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, колективно познати како ОПЕК +, утре се состануваат за да одлучат за производството на групата во септември. Два од осумте извори на ОПЕК + велат дека на состанокот ќе се разговара само за скромно зголемување за септември.

„Иако посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија не предизвика директно зголемување на испораките на нафта, веруваме дека Саудијците ќе возвратат со продолжување на постепеното зголемување на производството“, напиша во белешката Хелима Крофт од RBC Capital.

Цените беа, исто така, под влијание на зголемувањето на либиското производство на нафта, кое достигна 1,2 милиони барели дневно (bpd), во однос на 800.000 барели дневно на 22 јули, по почетокот на работата во неколку нафтени постројки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести