-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Николоски: Чествувањето на Мечкин Камен го напуштаме поради партиско и политичко дејствување на СДСМ

Делегацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го нашушти чествувањето за Илинден на Мечкин Камен без да го проследи обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Како што изјави потпретседателот на партијата Александар Николоски, ова е поради партиското и политичкото дејствување на владејачката СДСМ.

– Ние сме тука, но, за жал, СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Ги носат со автобуси и на сите коишто не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација. Всушност, и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот. Дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој доаѓа со чесна мисла, а не под политичка наредба, изјави Николоски.

Тој истакна дека се рушат идеалите на сите тие кои ги дале своите животи за независна и обединета Македонија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести