13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СДСМ: Илинден е нашата сила за иднината

Во пресрет на големиот национален празник 2-ри Август – Илинден, граѓаните на Република Северна Македонија можат да бидат горди на досега постигнатите успеси.

Денес, Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа.

Со членството во НАТО трајно ги обезбедивме мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите.

По 17 во чекалната, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет.

Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа.

Тоа е реализација на историските заложби на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет.

Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести