6.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Мадона: Имав несекојдневен живот, морам да снимам несекојдневен филм

Така е од 1980-тите и така ќе биде уште долго. Што и да прави и какви и да има чувства некој кон 63-годишната ѕвезда и нејзината музика, глума, живот, борба со годините, изјави, таа секогаш привлекуваше внимание.

Пред неколку месеци таа почна да зборува за биографскиот филм, а сега во интервју за Variety изнесе неколку детали за мотивите за тој проект и неговиот напредок.

Имам многу долго сценарио кое ми е многу тешко да го скратам. Се откажав од некои делови, но секој пат ми е како да ми ги отсекуваат екстремитетите – рекла Мадона и открила зошто воопшто решила да сними биографски филм. А зошто никому нема да ја препушти режијата, сценариото, сака целосна контрола врз секоја сцена.

-Имав несекојдневен живот, морам да снимам несекојдневен филм. Тоа беше и превентивен потег бидејќи многу луѓе се обидуваа да снимаат филмови за мене. Главно мизогини мажи, оние кои мразат жени. Затоа реков дека никој нема да ја раскаже мојата приказна освен мене – објаснила пејачката.

Засега нема многу детали за филмот, но се шпекулира дека Мадона би можела да ја игра Џулија Фокс, млада американска актерка со италијански корени, која ги привлече сите погледи во мрачната хумористична драма „Uncut Gems“. Друг и, велат, поверојатен кандидат за улогата на кралицата на попот е исклучително талентираната Џулија Гарнер, чија последна улога беше во серијата „Измислувајќи ја Ана“. Филмот, кој, според достапните податоци, е во претпродукција има работен наслов „Малото врапче“.

Во истото интервју, Мадона ја отфрли можноста да ги продаде правата на нејзиниот музички каталог, како што неодамна направија Боб Дилан, Брус Спрингстин и Нил Јанг.

– Нема да го направам тоа. Тоа се мои песни. И сопственоста е сè, нели? – рече таа.

Минатата година, пејачката објави верзија на нејзиниот хит „Frozen“ од 1998 година, кој стана вирален, а потоа следеа четири ремикси.

– Само барам интересни, забавни начини да ги реиздадам моите работи и да ѝ ја претставам мојата музика на новата генерација – објасни Мадона и навести дека планира нова турнеја.

– Целата работа со песната „Frozen“ беше многу забавна, но еден ден се разбудив и си реков: „Ми се згади да живеам во минатото!. Сакам повторно на турнеја, јас сум суштество на сцената. Тоа е моето среќно место.“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести