5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Русите доаѓаат во Финска по шопинг туризмот

Имено, Русија во средината на јули ги олесни граничните мерки поврзани со Ковид, за прв пат од почетокот на пандемијата, па Русите со шенген визи сега можат легално да ја преминуваат границата со автобус или автомобил, но им е забрането да патуваат во ЕУ земји со авион или воз, пишува Euronews.

– Русите почнаа да доаѓаат. Шопинг туризмот отсекогаш бил една од главните причини зошто Русите доаѓаат во Финска, без разлика дали тоа е само за еден ден, вели Јухо Песонен, професор по туризам на Универзитетот во Источна Финска.

Тоа не се големи бројки: во јули се евидентирани 176.000 премини. Ова е многу помалку отколку во периодот пред пандемијата, кога во јули 2019 година беа регистрирани 950.000 преминувања. Пред три години, десетици илјади Руси доаѓаа во Финска секој ден.

Лапеенранта, најголемиот град во југоисточна Финска, заработувал по милион евра дневно пред пандемијата благодарение на приливот на руски клиенти.

Значаен е самиот факт што руските државјани воопшто доаѓаат во Финска, единствената преостаната членка на ЕУ која сè уште издава туристички визи (вкупно 13.000 годинава), додека другите земји како Полска и балтичките земји ја укинаа таквата практика.

Како што навести портпаролот на Кремљ, Москва ќе реагира бурно доколку Хелсинки одлучи да ја прекине визната програма за руските граѓани.

Најважните политички партии во Финска сметаат дека рускиот шопинг туризам треба да се запре со суспендирање на визната програма. Ваквиот став е донекаде поткопан од фактот што приближно 100.000 Руси веќе имаат финска шенген виза, а стотици илјади други имаат шенген визи издадени од други земји. Се чини дека финската влада сака да почека ЕУ да заземе заеднички став по ова прашање, со оглед на тоа што премиерката Сана Марин моментално е на одмор, а се добива впечаток дека нејзиниот заменик не е склон да биде на удар.

Дисидентот Каи Миканен смета дека е исклучително важно да се испрати порака до Русите.

– Ова прашање не е црно-бело. Главниот проблем е што укинувањето на визите може да го разбуди гневот на руските граѓани кон нас, наместо кон режимот и политиката на Путин, изјави тој за Еуроњуз.

– Не можеме да имаме нормални односи со Русија, мораме како народ да им покажеме дека имаат одговорност да го осудат режимот на Путин и неговата политика додека трае војната во Украина“, рече тој.

Пред пандемијата, руските граѓани кои живеат во близина на границата, која се протега на 1.340 километри, често доаѓаа во Финска на викенд одмори или на шопинг. Во периодот меѓу 2012 и 2014 година, кога рубљата беше релативно силна во однос на еврото, толку многу Руси доаѓале во Финска што била отворена веб-страница за рекламирање на руски автомобили нелегално паркирани во Лапеенранта.

Некои фински компании несомнено сакаат да го искористат повторното пристигнување на руските граѓани, но фотографијата објавена на социјалните мрежи, на која се гледаат 10 килограми шеќер во кеси на палети, подготвени за Русите кои страдаат од економски санкции дома, наиде на огорчени коментари.

– Многумина се лути на Русите, но компаниите мора да се прилагодат на ситуацијата. Никој не знае што ќе се случи следната недела, месец, година. Политиката кон Русија не може да се предвиди“, предупреди Јухо Песонен.

Додека финските супермаркети ги полнат полиците со намирници во очекување на напливот на купувачи од Русија, автобуските превозници од Санкт Петербург тврдат дека автобусите на линиите за Финска се полни.

Некои локални сопственици на супермаркети се противат на идејата да им се забрани на Русите да влегуваат во Финска, особено затоа што ги почувствувале економските последици за време на пандемијата.

– Тоа е најапсурдната идеја досега. Што ќе добијат ако ги изолираат обичните Руси“, прашува Мохамад Дарвич, сопственик на маркетот Лапландија, на само неколку минути од границата.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img