10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Пратениците заминуваат на одмор кој ќе им трае до 30 август

Пратениците заминуваат на одмор кој ќе им трае до 30 август, иако некои и претходно си го започнаа одморот, па Собранието со денови мака мачи да обезбеди кворум за работа.

Така беше и денеска,  Собранието во рамки на 71. седница го заврши претресот по предлогот Хисни Имаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието, но немаше доволен број пратеници па ќе се гласа во септеммври.

Исмаили за потпретседател на Собранието беше предложен со потписите на 20 пратеници.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести