Тројца локални жители претходно го врзале за дрво додека да пристигнат властите, изјави шерифот на округот Кари Џон Вард.
Канцеларијата на шерифот им се заблагодарила на оние кои помогнале да се локализира пожарот и да се фати осомничениот.
„Брзите акции за гаснење на пожарот секако спречија катастрофа и спасија животи. Вкупната опожарена површина е помалку од 30 хектари“, се вели во соопштението на шерифот.
Во понеделникот, канцеларијата на шерифот добила дојава за шумски пожари кои горат во крајниот североисточен дел на округот Кари. До областа можело да се пристапи само преку Институтот за управување со земјиште (BML), шумски патишта и преку реката. Вработен во БЛМ кој бил во околината видел маж како оди по земјен пат и подметнува пожари.
Операторите ги предупредиле локалните, државните и федералните власти, барајќи помош во гаснењето на пожарот и пронаоѓањето на осомничениот. Во гаснењето, но и во потрагата по пироманот се вклучиле и жителите од околината.
Тројца локални жители го пронашле 30-годишниот осомничен Тренон Смит како оди во близина на огнот и го врзале додека не дојде полицијата, пишува CNN.
„Осомничениот им даваше отпор на локалните жители и мораше да го врзат за дрво додека не дојде полицијата“, рече Вард.
Смит бил уапсен и пренесен во болница поради повредите здобиени при падот. Меѓутоа, набрзо бил пуштен од болница и одведен во затвор. Според судската евиденција, тој е обвинет за подметнување пожар од прв и втор степен.
