9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Огромна змија задави човек (ВИДЕО)

Елиот Сенсеман (27) од градот Апер Маунџи, починал во болницата Лехај Вали-Сидар Крест четири дена по нападот, јавува NBC News.

„Шарена боа констриктор или слична змија, се завитка околу вратот на Сенсеман, што резултираше со аноксична повреда на мозокот и целосен недостиг на кислород во мозокот“, соопшти Канцеларијата на судскиот вештак во округот Лехај.

Полицајците од градот Апер Макунџи пристигнале во домот на мажот во средата во 14:12 часот по пријава за човек со срцев удар поради змија завиткана околу неговиот врат.

Кога пристигнале, го затекнале Сенсеман како не реагира со голема змија околу вратот. Полицаецот го застрелал рептилот за да го ослободи 27-годишниот од смртоносната замка.

После тоа, Сенсеман добил итна медицинска помош и бил пренесен во болница. Но, за жал, не го преживеал нападот на змијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести