Express.co.uk направил листа на тоа кои се симптомите на омикронската варијанта и како треба да се заштитиме.
И додека корона вирусот најмногу го поврзувавме со температура, кашлица и губење на чувството за мирис, на листата е додаден уште еден необичен симптом кој може да се појави во устата. Од друга страна, вака може да се направи разлика помеѓу корона и грип.
Омикрон варијантата на корона вирусот успешно го заобиколува имунитетот и покренува нов бран на корона вирус низ светот. Можеби мислите дека само треска, кашлица и отежнато дишење се симптоми кои укажуваат на инфекција, но всушност варијантата омикрон носи нови симптоми кои можеби нема да ги поврзете со сегашниот вирус.
Станува збор за таканаречениот географски јазик и афтите.
Она што најмногу ги загрижи здравствените работници е фактот што новата подваријанта на корона вирусот може да ги зарази и оние кои скоро имале корона вирус. Експертите велат дека симптомите не се разликуваат премногу од оние кои го следеле омикронот од почетокот на неговото појавување, но на листата додаваат два нови симптоми, а тоа се појавата на афти во устата и таканаречениот географски јазик.
Апликацијата „Zoe Covid Study“ ги пријавува афтрите (рани во устата) како вообичаен симптом на инфекција со омикрон. Од 59 заразени со новиот корона вирус, чир на устата се појавил кај 24 пациенти.
Според научниците, овој симптом често се поврзува со губење на сетилото за мирис и вкус.
Друг можен нов симптом на корона вирусот е таканаречениот географски јазик, односно јазик со црвеникави и бели рабови или со длабоки бразди кои се доста изразени и наликуваат на релјефна карта.
За да се заштитиме од разболување, се препорачува носење маски, особено во затворени простори каде има многу луѓе.
