8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Орбан со шокантна изјава: Ние Унгарците не сме од мешана раса и не сакаме да станеме такви

еговиот говор предизвика гнев кај опозициските партии, но и кај политичарите во Европа.

„Ние Унгарците не сме од мешана раса и не сакаме да станеме такви. Земјите каде што се мешаат раси остануваат без нација“, рече Орбан, пишува „Гардијан“.

Иако премиерот на Унгарија со години има слични тврдења, до сега не зборувал за расно мешање, што ја покажува политиката на унгарската екстремна десница.

„Згрозена сум од говорот на Орбан. Неговите изјави нѐ потсетуваат на времето кое сите би сакале да го заборавиме. Тој навистина ги покажува вистинските бои на режимот“, рече европратеничката Каталин Чех од опозициската партија Моментум.

„Да се ​​зборува за расна или етничка „чистота“, особено во таков мешан регион како Централна и Источна Европа, е лудо и опасно. Како и Орбан“, напиша романската европратеничка Алин Митуца на Твитер.

Во својот говор Орбан го предвидел падот на Западот и зборувал за една деценија опасност, неизвесност и војна. Покрај тоа, тој силно ја критикувал воената поддршка за Украина.

„Колку повеќе модерно оружје им дава НАТО на Украинците, толку повеќе Русите ќе ја туркаат линијата на фронтот напред. Давањето оружје ја продолжува војната“, рекол Орбан во Романија.

Говорот на Орбан во Романија дојде два дена откако унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ненадејно отпатува во Москва на разговори.

Истиот ден кога илјадници луѓе се собраа во Будимпешта на годишната Парада на гордоста, Орбан ги наведе демографијата, миграцијата и родовите прашања како главни боишта на иднината.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести