Ко-основачот на американската технолошка-интернет компанија „Google“, Сергеј Брин, еден од десетте најбогати луѓе на планетата, поднел барање за развод од сопругата Никол Шанахан, поради нејзина наводна кратка романса со милијардерот Илон Маск, пишува The Wall Street Journal.
Претходно во јуни годинава весникот The New York објави дека Брин, чиешто богатство се проценува на 93 милијарди долари, поднел документи за раскинување на брачната заедница со Шанахан, што е неговиот втор развод.
Според судските документи кои ги цитираат медиумите, двојката не живее заедно од декември 2021 година, и бара од судот доделување заедничко старателство врз нивната ќерка. Странките барале затворено судско рочиште, а во документите во кои увид имале медиумите не било наведено како имот би делеле.
„Минатата есен Илон Маск имаше куса врска со сопругата на Сергеј Брин, што го натера коосновачот на Google да поднесе барање за развод на почетокот на оваа година и да стави крај на долгогодишното пријателство меѓу милијардерите“, пишува WSJ.
Се додава дека Брин го поднел барањето за развод од Шанахан во јануари годинава.
Како што се забележува во прилогот на The Wall Street Journal, Брин во текот на финансиската криза во 2008 година Брин обезбедил на производителот на електрични автомобили „Tesla“ 500.000 долари „кога таа со сите сили настојуваше да го зголеми производството“. За возврат, Маски на Брин во 2015 година му подарил теренец „Tesla“.
Се истакнува дека адвокатот на Брин, како и самиот Илон Маск одбиле да ги коментираат известувањата за разводот и љубовната афера.
