8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Блинкен остро го осуди вчерашниот руски ракетен напад врз пристаништето Одеса

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остро го осуди вчерашниот руски ракетен напад врз пристаништето Одеса, соопштувајќи дека Русија е одговорна за продлабочување на глобалната криза со храна, објави Стејт департментот.

Блинкен кажа дека овој руски напад „ја поткопува посветеноста на ОН, Турција и Украина за испораката на основните прехранбени производи на светските пазари“.

„Само 24 часа откако беше постигнат договорот што ќе овозможи продолжување на украинскиот извоз на земјоделски производи преку Црното Море, Русија ги прекрши своите обврски со нападот врз Одеса. Кремљ продолжува да покажува рамнодушност кон безбедноста на милиони цивили“, наведе Блинкен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести