20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Нов Зеланд рекорден број на смртни случаи од Ковид-19

Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати.

Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години.

Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени.

Брзата реакција на Владата на Нов Зеланд на пандемијата, со многу строги ограничувања и високи стапки на вакцинација, се сметаше за пример за борба против Ковид-19, но од крајот на минатата година, инфекцијата немилосрдно се шири.

Под притисок се клиниките за општа пракса, итните служби и болниците, независно што бројот хоспитализирани е нешто помал од март.

Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести