9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Германската економија се соочува со предизвици оваа и следната година

Германската економија се соочува со предизвици оваа и следната година, нагласи експертот на ММФ за Германија Оја Челасун, пред сѐ поради ограничувањата во снабдувањето со гас.

Проблем е и слабеењето на економијата на глобално ниво. ММФ сега очекува дека најголемата европска економија ќе порасне за 1,2 отсто оваа година, намалувајќи ја претходната прогноза за 0,8 процентни поени. Во наредната година активноста треба уште повеќе да забави, со проценета стапка на раст од само 0,8 отсто, утврди ММФ, што е за 1,2 процентни поени послабо отколку што очекуваа досега.

Инфлацијата треба да достигне 7,7 отсто оваа година и да забави до 4,8 отсто во 2023 година, под услов да се стабилизираат цените на енергијата, покажаа пресметките на ММФ. Челасун предупреди на висок степен на несигурност во проценките, додавајќи дека најголемата закана за економијата ќе биде трајното и целосно прекинување на извозот на руски гас во Германија и Европа.

Експертот на ММФ ја повика Германија да биде флексибилна во својата финансиска политика за да може да реагира доколку ситуацијата се влоши. Флексибилноста би можела да опфати и повторено суспендирање на уставната одредба за задолжување. ММФ даде попозитивна оценка за мерките преземени од германската влада за обезбедување на снабдување со енергија, вклучувајќи го и увозот на течен природен гас (LNG) и складирањето гас.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести