78 пожарникари заедно со 22 возила и 16 канадери и хеликоптери се обидуваат да го локализираат пожарот во Пентели, на околу 27 километри од центарот на Атина, пред тој да се прошири.
Портпаролот на противпожарната бригада изјави дека шумскиот пожар не им се заканува директно на домовите, но дека е тешко да се контролира. Државната телевизија ЕРТ соопшти дека властите околу 16 часот наредиле евакуација на областа Драфи.
Агенцијата Франс прес пишува дека грчката цивилна одбрана повикала на евакуација на шест села, а пожарот поттикнат од силните ветрови довел до затворање на некои патишта.
