13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Милошоски: Ова што се случи во Прилеп е директна закана и нарачан напад кон пратеник од опозицијата

Ова што се случи во Прилеп е директна закана и нарачан напад кон пратеник од опозицијата (Петар Ристески), заради неговите политички критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија. Денес во 1.15мин после полноќ подметнат му е пожар под неговото возило и возилото на неговата сопруга, пред домот во Прилеп, каде живеат со трите деца, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски додава дека во Прилеп јавна тајна е дека дел од раководството на МВР е во дружба со мафијата и наркодилерите во градот, организираниот криминал е во пораст, рекетирањето на стопанственици и лихварството исто така.

– Ова полициско-мафијашко партнерство не ретко го користи и директниот линк со централата во МВР, преку советникот на министерот од Прилеп. Жртви на ваквиот организиран притисок во Прилеп не се само јавни личности, туку и стопанственици кои не сакаат да платат рекет, како и обични граѓани. Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо, Гешоска и шоферот Китаноски, и многу работи ќе ви станат појасни. Во МВР Прилеп има метастази од криминал, а соработката со мафијата во градот за дел од началниците е и голем бизнис, потенцира тој.

Милошоски истакнува дека се се врти, заплашувањата нема да им поминат, а крајот на ваквите злоупотреби во МВР ќе дојде побрзо отколку што си мислат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести