Ана Николиќ често предизвикува осуда во јавноста со своите објави на Инстаграм. Овој пат пејачката се снимала качена на хаубата од автомобил, па се тркалала по неа и на крајот запалила цигара. Веќе сме навикнати да ја гледаме во разни изданија, но сега, според коментарите на социјалните мрежи, таа отиде предалеку.
Ана, очигледно, сакала да биде смешна, па за време на едно вечерно излегување се качила на хаубата од автомобилот, а на крајот почнала неартикулирано да се тркала по неа, да се ниша и да ги крева нозете.

Ова го објавила на својот Инстаграм, па дури и делот каде и се гледа долната облека, на кој нејзините следбеници и обрнаа внимание. Инаку се гледа и како пали цигара и легнува врз автомобилот, а се е придружено со музика, т.е. песна од Ејми Вајнхаус, па многумина ја споредиле со неа. На крајот позирала и како просјак со картон на кој напишала „дека и требаат пари за Шанел“.

„Ана Николиќ, српската Ејми Вајнхаус“, „Срамота е што публиката и аплаудира“, „Да не беше толку тажно, ќе беше смешно“, „Оваа Ана Николиќ си одзема толку многу од животот, нова Ејми“, се дел од коментарите на Твитер.

