Овен
Љубов:
Настаните од љубовниот живот делуваат возбудливо. Чувствувате голем занес и радост во нечие присуство.
Работа:
Имате впечаток дека сте неправедно повредени во однос на вашите соработници или дека некој ве става во неблагодарна деловна положба.
Здравје:
Чувајте ја присебноста и доброто расположение.
Бик
Љубов:
Средбата со една личност е повеќе како игра на „емоционално прикривање“ и тестирање, отколку на искрена размена на чувства.
Работа:
Се соочувате со нова деловна дилема. Избегнувајте натпреварувачки ситуации, особено кога немате проверени информации.
Здравје:
Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство.
Работа:
Постојат различни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги слуша вашите идеи. Не го барајте невозможното.
Здравје:
Ќе ви годи прошетка или поминување време во природа.
Рак
Љубов:
Бидете искрени кога се среќавате со саканата личност. Меѓусебната доверба е неопходна и делува „лековито“.
Работа:
Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата фрустрација или незадоволство.
Здравје:
Внимавајте на поправилна исхрана и поздрав начин на живот.
Лав
Љубов:
Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. На светот околу вас гледате со поинакви очи и со поголем оптимизам.
Работа:
Во повеќето ситуации, можете да ги прилагодите основните критериуми според вашите интереси и да се борите за подобри услови.
Здравје:
Обрнете внимание на некоја весела и забавна содржина, опуштете се.
Девица
Љубов:
Важно е добро да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да исполните нечии потреби.
Работа:
Влевате доверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да донесете правилна одлука од заеднички интерес.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Вага
Љубов:
Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно ја анализирате љубовната врска, но ви недостасуваат конкретни одговори.
Работа:
Имате добри идеи, но понекогаш е тешко да се процени конечниот исход во деловните преговори. Постапувајте според вашите морални принципи.
Здравје:
Избегнувајте ривалство и конфликтни ситуации.
Скорпија
Љубов:
Се однесувате премногу пребирливо и со многу барања пред блиска личност, на крајот не го добивате она што го заслужувате.
Работа:
Секој од соработниците сака да ја заземе најдобрата можна позиција која гарантира нов деловен успех или престиж на социјалната скала.
Здравје:
Избегнувајте претерување, успорете го забрзаниот ритам.
Стрелец
Љубов:
Имате убаво чувство, на партнерот му делувате неодоливо и знаете да заблескате во полн сјај пред личноста која ви се допаѓа.
Работа:
Некој во вас поттикнува креативна енергија и мотивација за работата што ја работите. Треба да ги усогласите заедничките интереси.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Јарец
Љубов:
Прекумерната доза на храброст или самоволие може да го искомплицира заедничкиот живот и односот со блиска личност.
Работа:
Ако немате интерес да се посветите на некои здодевни теми, бидете искрени и не давајте официјални ветувања.
Здравје:
Поттикнете ја вашата концентрација и позитивното расположение.
Водолија
Љубов:
Саканата личност понекогаш има големи барања, но вие знаете како да ги исполните. Бидете доволно имагинативни и осмислете забава за двајца.
Работа:
Ве очекуваат голем број интересни средби. Направете се што е потребно за да го искомбинирате убавото и удобното со практичното и корисното.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија.
Риби
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе уживате во повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.
