Светските медиуми пренесуваат дека Емили Ратајковски се разведува од сопругот Себастијан по четири години брак.
Иако таа се уште не поднела барање за развод на суд, извор близок до парот тврди дека на љубовта и дојде крајот.
“Да, тој ја изневери. Тој е сериски измамник. Одвратно е. Тој е копиле”, рекол изворот.
Гласините за развод започнаа кон крајот на минатата недела кога Емили беше забележана без нејзиниот венчален прстен. Засега, сопружниците не ги коментираа написите во печатот за разводот.
Потсетуваме дека Емили и Себастијан се венчаа во 2018 година, а го добија синот Силвестер.
