Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог заклочоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.
Со усвоените предлог заклучоци ѝ се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската Унија.
На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се огласи на Facebook, каде објави краток статус:
„Ништо не е готово! Имаме План Б.
#ПредавнициФашистиКлетиВрховисти“.
