Доналд Трамп ги засили своите напади врз извршниот директор на Tesla Inc, Илон Маск во вторникот, откако Маск рече дека Трамп е премногу стар за да биде следниот претседател на САД и дека Трамп треба да „плови кон зајдисонцето“.
Поранешниот американски претседател рече дека Маск „го молел“ за владини субвенции, во порака на неговата апликација за социјалните мрежи „Truth Social“.
„Кога Илон Маск дојде во Белата куќа и ме замоли за помош за сите негови многубројни субвенционирани проекти, без разлика дали се тоа електрични автомобили кои не одат доволно далеку, автомобили со автопилот што паѓаат или ракети кои не стигнуваат никаде и без кои субвенции ќе беше безвреден, ми рече дека е голем обожавател на Трамп и републиканец. Можев да кажам „клекни на колена и моли“ и тој ќе го направеше тоа“, напиша Трамп.
Како одговор, Маск на Твитер напиша „Lmaooo“ – скратено за умирање од смеа.
Маск во понеделникот рече: „Не го мразам човекот, но време е Трамп да ја закачи капата и да заплови кон зајдисонцето“.
Маск претходно изјави дека е склон да го поддржи гувернерот на Флорида Рон ДеСантис за претседател во 2024 година и рече дека ДеСантис лесно ќе го победи претседателот Џо Бајден на изборите.
Забелешките на Маск беа одговор на коментарите на Трамп на политичкиот митинг во саботата, каде што тој го нарече Маск ултимативен лажго затоа што тврдеше дека никогаш не гласал за републиканците до јуни оваа година.
„Ми рече дека гласал за мене“, рече Трамп.
