На некои места топлотниот бран ги „стопи“ покривите на зградите, а мрачното време ги принуди луѓето да бараат сенка во подземните засолништа.
Од денеска, 68 градови, вклучувајќи ги Шангај и блискиот град Нанкинг, издадоа црвени аларми, највисоки во системот за предупредување за топлотни бранови на три нивоа, предвидувајќи температури над 40 степени Целзиусови во следните 24 часа, објави Ројтерс.
Властите во Шангај, град кој сè уште се бори со спорадични избувнувања на коронавирусот, ги предупредија неговите 25 милиони жители да се подготват за топлото време оваа недела. Од почетокот на евиденцијата во 1873 година, Шангај има само 15 дена со температури над 40 Целзиусови степени.
