6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Парламентот во Берлин го ратификуваше членството на Финска и Шведска во НАТО

Парламентот во Берлин, како и Бундесратот, кој ги обединува сојузните држави, ги потврдија пристапните протоколи за двете нордиски земји.

„Ова создава поголема безбедност – за сите членки на НАТО и за Европа“, објави германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер.

Документите треба да бидат ратификувани од парламентите на сите 30 членки на НАТО пред Финска и Шведска да бидат заштитени со одбранбената клаузула на НАТО, која вели дека нападот врз една членка е напад врз сите.

Ратификацијата веројатно ќе потрае до една година, но во меѓувреме Хелсинки и Стокхолм веќе можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките информации.

Москва повеќепати ги предупреди двете земји да не се приклучуваат на НАТО. На 12 март руското Министерство за надворешни работи објави дека „ќе има сериозни воени и политички последици“ во тој случај.

По руската инвазија на Украина во февруари, Шведска и Финска истовремено ја објавија својата намера да се откажат од својот неутрален статус и да станат дел од НАТО.

Самитот на НАТО во Мадрид минатата недела го поддржа потегот со упатување покани до двете земји, откако Турција доби отстапки поради загриженоста што ја изрази и американско доби ветување дека ќе добие нови воени авиони.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести