1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Еве кои ќе биде првиот филм на Џони Деп по тужбата

„La Favorite“ ќе биде првата филмска улога на Деп откако Холивуд му го сврте грбот по обвинувањата од неговата поранешна сопруга за семејно насилство.

Како што пишува Блумберг, договорот за лиценца со Нетфликс ќе обезбеди средства за продукцијата на првиот филм на Џони Деп  по тужбата за клевета на актерот против Амбер Херд. Неговата поранешна сопруга претходно го обвини за семејно насилство, што му наштети на угледот на Деп.

Една од најпознатите стриминг платформи, Нетфликс, ќе покрие дел од сметката за филмот „La Favorite“ на француската актерка и режисерка Мајвен Ле Беско (46). Заплетот на филмот се фокусира на периодот кога владееле францускиот крал Луј XV, кој го игра Џони Деп и Мадам Жана Беку ду Бери, играна од Ле Беско. Станува збор за третата љубовница на кралот чија поврзаност со него на крајот доведе до тоа да биде гилотинирана за време на Француската револуција.

Иако ниту Нетфликс ниту Why Not Productions, француското студио зад проектот, не го објавија „La Favorite“, филмот наводно е планиран за француско кино во 2023 година, а 15 месеци подоцна доби лиценца за емитување на Нетфликс во Франција.

Џони Деп последен пат глумеше во филм во 2020 година, а ова ќе му биде прв пат да зборува на француски во филм. Филмот треба да се снима летово во текот на три месеци на локации кои ја вклучуваат палатата Версај.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести