11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Еве кои е можен наследник на Џонсон

Еден од фаворитите е 52-годишниот министер за одбрана Бен Валас, попопуларен од кога било во времето на руската инвазија на Украина.

Според анкетата спроведена од YouGov во четвртокот, тој ќе победи во пресметката со своите ривали за лидерските избори на Ториевците.

„Некои од нас имаат одговорност да ја одржуваат безбедноста во оваа земја, кој и да е премиер. Партијата има механизам за промена на лидерот и ги советувам колегите да го искористат. Во меѓувреме, јавноста нема да ни прости ако ги оставиме празни министерските места“, рече тој во четвртокот.,

Како потенцијален лидер на партијата се споменува 49-годишната државна секретарка за надворешна трговија Пени Мордоунт, учесничка во кампањата за Брегзит, која е вклучена во преговорите за трговските односи по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во 2019 година, Мордоунт стана првата британска министерка за одбрана, а таа позиција ја напушти кога Џонсон дојде на власт. Резервистката на Кралската морнарица се смета за добар говорник. Нејзината популарност меѓу конзервативците расте и таа важи за сериозна замена за премиерот.

Според истражувањето на YouGov, таа се смета за втор најверојатен кандидат за лидерство на ториевците.

Во пресметките е и поранешниот министер за финансии Риши Сунак, првиот Хинду кој ја зазеде оваа позиција. Тој веќе поднесе оставка во вторникот, што го прави меѓу фаворитите да го заземе местото на Џонсон. Бабата и дедото на Сунак имигрирале од северна Индија во Британија во 1960-тите. Работел како аналитичар во Голдман Сакс, а потоа и во фондови. Тој беше избран за пратеник во 2015 година.

На местото на Џонсон би можела да заврши и Лиз Трус, министерката за надворешни работи која поради овие настани го напушти состанокот во форматот Г20 на Бали. Трус, која е популарна кај ториевците, ја доби функцијата министер за надворешни работи за нејзината работа како министерка за меѓународна трговија. Во таа позиција, оваа застапничка на слободната трговија склучи низа трговски договори по Брегзит, иако првично се спротивстави на тоа.

Се споменува и Џереми Хант, поранешниот министер за надворешни работи кого Џонсон го победи на крајот од трката за лидерство на Ториевците во 2019 година. Тука е и Саџид Џавид, првиот министер што ја напушти владата поради обвинувањата дека Џонсон ја лажел јавноста за неговото знаење за обвинувањата за сексуално вознемирување против конзервативец. Овој поранешен банкар, исто така поборник за слободата на пазарот, имаше неколку функции во Владата, од кои последната беше министер за здравство.

Според медиумите, премиер би можел да биде и Надим Захави, кој неодамна беше назначен за министер за финансии, откако водеше успешна кампања за вакцинација во Британија. Приказната на Захави како бегалец од Ирак кој пристигнал во Британија како дете го издвојува од другите ривали. Минатата недела рече дека ќе му биде чест во одреден момент да стане премиер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести