3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Левица: Пробугарската Влада не успеа да не заплаши: народот излезе во уште поголем број

Вчера, на шестиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата на Македонија, на кој народот вели НЕ за ‚‚францускиот предлог‘‘, народот излезе во огромен број и покрај заплашувањата кои ги оркестрира окупационата Владата на СДС и терористичката ДУИ. За денеска, најавени се БЛОКАДИ низ државата, вклучувајќи го и главниот град, каде ќе се блокира пред Владата на РМ. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат со своите возила во периодот од 13 до 14 часот.  Разноликиот пристап за искажување протест против сегашната владејачка гарнитура и нивната поданичка надворешна политика, испраќа сигнал за народна сплотеност и истрајност во Борбата.  Покрај сите намери да се разбие протестот, гневот на народот не можеа да го амортизираат! Изминативе години, во кои со државата управуваат квислинзи, кулминираат со општа мобилизација на граѓаните на улиците ширум Републиката.  Борбата против омаловажувањето на Македонија и негирањето на македонската посебност, историја и јазик, кое го спроведуваат наши политичари на барање на Бугарија, нè води кон враќање на меѓународното и домашното достоинство на Македонија.  Сенародниот протест ќе продолжи во недела, во 19:00 часот пред Владата на РМ. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести