6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба поради силната суша

Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на силната суша која која ги погодила овие делови на земјата, соопштено е од кабинетот на премиерот Марио Драги.

Северот на земјата е доста тешко погоден, со големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое задржува многу помалку вода кое е невообичаено во овој период од годината.

Падот, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж нејзиниот тек е на најниското ниво во последните 70 години, испраќајќи солена вода со миљи нагоре.

Градовите Пиза и Верона вовеле рестрикција на вода, а Венеција и Милано ги исклучиле некои од своите фонтани.

Се поголема сериозност и зачестеност на сушни периоди во медитеранскиот регион воглавно се препишува на климатските промени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести