0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

110 приведени криминалци барани со потерници на територија на СВР Тетово во првите шест месеци од 2022

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово привеле 110 лица кои со судски наредби се барале за издржување на затворски казни, претежно на тетовското подрачје, а во последните два месеци и на гостиварското.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ и за други кривични дела. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести