Александра Пријовиќ важи за една од пејачките припаднички на помладата генерација со најдобри вокални способности на овие простори. Се прослави благодарение на еден музички натпревар, на кој оосбено се истакна, а многумина нејзиниот успех го припишуваат на бракот со синот на Боба и посинокот на Брена, Филип Живојиновиќ.
Она што е неспорно е дека пејачката има специфичен и препознатлив глас кој ја издвојува, што се покажа уште по првата снимена песна. Со бракот со член на семејството Живојиновиќ пејачката уште повеќе го привлекува вниманието на јавноста. Таа е и мајка, односно со Филип го има синот Александар.
Изгледа одлично, но очигледно многумина заборавија како изгледаше на почетоците. Повеќе од очигледно е дека не се сменила со годините, туку благодарение на вештите раце на некој хирург.
Погледнете ги фотографиите, па проценете сами. Нели се вели, ако баба лаже – фотка не:




