13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Поведени истраги против две лица за пронајдена дрога во подрумски простории во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредби за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај првиот осомничен, на 21 јуни била откриена наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 347,09 грама, која била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за неовластена продажба. Дрогата ја чувал во домот и над цевки во близина на подземната гаража во зградата во која престојувал на улицата „Никола Русински“ во Скопје.

На 25 јуни, пак, при претрес во зградата во која престојувал вториот осомничен, на улицата „Методија Шаторов Шарло“, полициските службеници пронашле 904,2 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата осомничениот ја чувал скриена под церада на мотор паркиран во гаража во подрумските простории на зградата.

За двајцата осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека постојат законски основи да се обезбеди нивното присуство во текот на постапката.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести