17.8 C
Skopje
вторник, мај 21, 2024

ДУИ ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на нашиот европски пат.

– Нашата земја е пред историска одлука, онаа на отворање на преговорите со Европската унија и затворање на сите спорни прашања со соседите, затоа цениме дека ваквите шанси за компромис кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот. Демократската Унија за Интеграција апелира до сите страни вклучени во овој историски процес рационално да пристапат кон содржината на предлогот и заедно да ја донесеме долгоочекуваната одлука за одблокирање на интегративниот пат на земјата. Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, државните институции, како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на транспарентност го започнуваме процесот на консултации во кои како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси. Демократската Унија за Интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина цениме дека францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис. Овој предлог, овој пат, оваа европска иднина ја има поддршката од Вашингтон, Брисел, Париз, Лондон, Рим, другите западни престолнини, а сите достигнувања ги имаме постигнато заедно со евро-американската заедница, стои во соопштението на ДУИ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести