20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Платформата за изнајмување сместување Airbnb забрани забави во местата кои ги изнајмува

Платформата за изнајмување сместување Airbnb објави дека трајно забранува организирање на какви било забави во сместувањето што ги нуди низ целиот свет, откако тоа привремено го стори во август 2020 година.

„Привремената забрана се покажа како ефикасна и денес официјално ја воведуваме забраната како наша политика. Забавите и настаните кои го одвлекуваат вниманието ќе продолжат да бидат забранети, вклучително и собири на отворено“, се вели во соопштението.

Според Анадолија понудите на годишно ниво паднале за 44 проценти.

Потсетуваат дека поединци во времето кога многу локали и клубови беа затворени поради пандемијата на корона вирусот, правеле забави во изнајмени објекти.

„Ова не загрижи и поради нарушувачката природа на неовластена забава и поради ризикот дека таквите собири би го шират вирусот“, додаваат од компанијата.

Во 2020 година, Airbnb формираше и тим за брза реакција во случај на проблеми и предвиде санкции против корисниците кои не ги почитуваат новите правила на однесување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести