1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Унгарија повика на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија

Унгарија повика на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија, предупредувајќи дека долготрајниот конфликт ќе предизвика голема криза што ќе им се заканува на владите ширум Европа, пишува Фајненшл тајмс.

„Брз прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија“, рече Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, предвидувајќи дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз крај на конфликтот во следните неколку месеци. Тој ги повика шефовите на влади на ЕУ „да се вразумат“.

Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната, бидејќи не сакаше да ги прекине сите врски со Русија и да обезбеди недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Некои од унгарските партнери во ЕУ беа премногу желни да се борат со рускиот претседател Владимир Путин, што го вовлекува континентот во криза, изјави Балаш Орбан, предупредувајќи дека треба да се откажат од таа стратегија.

– Сакаат војна и веруваат дека можат да го победат Путин, дека можат да го окупираат Кремљ и тоа е нивната цел – рече Орбан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести