Денеска продолжи седницата на Комисијата за европски прашања. Седницата се одржува во друга сала, затоа што при вчерашното насилие на претседателот на комисијата Арбр Адеми, беше уништен дел од техниката во салата.
Во новата просторија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги зафатија сите столчиња, па седницата почна со мало задоцунвање.
Бараат, според деловникот, седницата да трае два дена, но да не се смета вчерашниот ден, затоа што тој завршил со процедуралните забелешки, а едвај бил изгласан дневниот ред.
Денеска продолжуваат со истите прашања, тропаат по масите и постојано бараат процедурално да се обратат. Со комисијата не заседава Адеми.
