8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Блинкен: Русија дури и кога има приходи од повисоките цени на нафтата, таа не може да троши пари поради контролата на извозот

Тој во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен за време на Самитот на Г-7 Германија, истакна дека Русија дури и кога има приходи од повисоките цени на нафтата, таа не може да троши пари поради контролата на извозот.

– Русија не може да го добие она што и е потребно за да го модернизира одбранбениот сектор, да ја модернизира својата технологија, да ги модернизира своите енергетски истражувања, што значи дека со текот на времето секоја од овие области ќе бележи пад, посочи Блинкен, коментирајќи ги предвидувањата според кои руската економија следната година ќе се намали до 15 проценти.

Блинкен потенцира дека Г-7 и НАТО ќе продолжат да прават сè што можат за да се ги обезбедат Украинците со тоа што им е потребно за да се одбранат од руската агресија./МИА

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести