Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.
„Градот сега е под целосна контрола на Русија. Тие сега се обидуваат да го воспостават својот ред и го назначија својот командант“, рече градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук, пренесува Ројтерс.
Руските сили и силите на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР) влегоа и во Лисичанск, а борбата моментално се води внатре во градот, изјави денеска за ТАС извор близок до Народната милиција на ЛНР.
