Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, на Фејсбук напиша дека исклучувањето нема да важи за фонтаните што содржат растенија и животни. Поради претстојниот топлотен бран ќе продолжат да работат и малите фонтани на тротоарите каде што тече вода за пиење. Сепак, градот повеќе нема да ги полева зелените површини.
Сала исто така ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на вода во своите домаќинства и предложи климатизерите да не се поставуваат на температури под 26 Целзиусови степени за да се заштеди енергија. Локалните жители треба да ги држат своите врати затворени за оваа намена.
Покраинскиот претседател на Ломбардија, каде се наоѓа Милано, веќе објави вонредна состојба во петок поради сушата. Милано сега почна да ги следи препораките. Сала не кажа кога ќе стапат на сила мерките.
