Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација. Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на оправдувањата на министерот за надворешни Бујар Османи за францускиот предлог.
Милошоски потенцира дека факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеја од јавноста.
– Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка, пишува Милошоски.
