Анонимен понудувач издвоил рекордни 19 милиони долари за ручек со Ворен Бафет, а тоа е 21-виот и последен пат кога бизнисменот-милијардер на аукција ставил приватен ручек во корист на добротворна организација во Сан Франциско.
Победничката понуда на аукцијата на eBay, која заврши во петокот, далеку го надмина рекордот од 4,57 милиони долари платен во 2019 година од страна на претприемачот и основач на криптовалути Трон, Џастин Сан.
Приходите одат за Glide, непрофитна организација во округот Тендерлоин во Сан Франциско, која им помага на сиромашните, бездомниците и на зависниците обезбедувајќи им храна, засолниште, тестирање за ХИВ и хепатитис Ц, како и работа и програми за обука на деца.
Годинешниот победник избра да остане анонимен. Портпаролката на eBay рече дека ручекот е најскапиот предмет продаден на веб-страницата на компанијата за добротворни цели.
Бафет (91), претседател и извршен директор на Berkshire Hathaway Inc., собра околу 53,2 милиони долари за Glide со спроведување на 21 аукција, од кои првата беше во 2000 година.
„Искуствата беа само добри“, рече Бафет за ручеците. „Запознав многу интересни луѓе од целиот свет.
Аукциите не се одржаа во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19.
Бафе започнал да го поддржува Глајд откако неговата прва сопруга Сузан го запознала со добротворната организација за која таа волонтирала.
Сузан Бафет почина во 2004 година.
Бафет вети дека ќе го донира речиси целото свое богатство од 93,4 милијарди долари, со што ќе стане 17-ти најбогат човек во светот, според магазинот Форбс.
Овогодинешниот победник на аукцијата и седум гости ќе уживаат во ручекот во Steakhouse Смит и Воленски на Менхетен.
Бафет ќе разговара со гостите за речиси сè, но не и за тоа каде понатаму да се инвестира.
